Japan Display соопшти дека планира да започне со производство на нов дисплеј кој значително ја намалува потрошувачката на енергија и го продолжува животниот век на батеријата на паметните часовници и другата електроника за широка потрошувачка, пренесува Reuters.
Производителот на мали екрани кои се користат во паметните телефони, автомобилите и другите производи „преговара со голем број клиенти и планира да започне со масовно производство во 2024. година“, соопшти компанијата. Меѓу најголемите клиенти е Apple.
Компанијата Japan Display, која очекува оперативна загуба од 11,3 милијарди јени (93 милиони долари) за годината што заврши на 31-ва март, се бори со својата конкуренција бидејќи потрошувачите се свртуваат кон OLED екраните. Неодамна, компанијата мораше да го намали производството поради недостиг на чипови.
Новата компонента, која е покриена со мали транзистори, е позната како „backplane“ и е еден од слоевите на LCD екранот. Тие се користат и во OLED дисплеите.
Japan Display тврди дека плочата користи до 40% помалку батерија од конвенционалните компоненти, а исто така ја подобрува резолуцијата на екранот, што ја прави погодна за уреди за виртуелна реалност.
Компанијата соопшти дека очекува новата компонента на екранот да генерира приход од 50 милијарди јени (411 милиони долари) во период од пет години.