Услугата Garmin Pay на Халкбанк со која се овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, сега е достапна и за корисниците на Visa картичките издадени од Халкбанк.
Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведување нови технологии, го креираше производот Garmin Pay со што стана и прва и единствена банка на пазарот што воведе плаќање со паметен часовник. Создадена во духот на денешното динамично време, оваа услуга е наменета за луѓе што секогаш се во движење, и овозможува извршување плаќања дури и во отсуство на паричник или платежна картичка.
„Услугата Garmin Pay на некој начин е дел од нашата политика и нашите заложби за иновации, но и за поттикнување и негување здрави животни навики кај населението и воедно заштита на животната средина. За оваа цел ние применуваме бројни ЕКО политики и даваме поддршка на многу активности на зедницата кои имаат иста цел, а со ваквата политика за поддршка на спортот, односно на здравите животни навики и грижа за природата, ќе продолжиме и во иднина“, рече Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.
Суџубаши најави дека и трката Водно-Матка која ќе се одржи наскоро ќе биде под заедничко покровителство на Халкбанк и партнерoт Visa.
Од Visa изразија задоволство што се приклучуваат како партнери во промоција и на оваа заедничка услуга.
„Лансирањето на Garmin Pay е важен чекор во понатамошниот развој на дигиталното плаќање во Македонија. Истото е евидентно и според неодамнешната студија на Visa, која посочува за наклонетоста на граѓаните за дигиталните плаќања, а дека дури 60% од нив сакаат да ја користат опцијата за пренос на пари преку мобилен телефон во иднина. Заедно со партнерите, меѓи кои и Халк Банка, ги слушаме и ги следиме потребите на корисниците со цел да им овозможиме побрзи, побезбедни и поудобни начини на плаќање. Сигурен сум дека корисниците на Visa картичките на Халк Банка се задоволни, бидејќи отсега своите трансакции ќе имаат можност да ги реализираат и преку Garmin pay“ – изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Visa за Југоисточна Европа. За користење на услугата Garmin Pay, сопствениците на Visa картички издадени од Халкбанк, потребно е истите да ги дигитализираат преку апликацијата Garmin Connect , која може да се преземе од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем Андроид или од „App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS. По успешно дигитализирање на картичките, може брзо, безбедно и едноставно да се изврши плаќање со користење единствено на Garmin часовник.
Според Моника Црнокрак, претставник на Гармин Македонија, часовниците Garmin се идеален придружник за секој ден, за секој стил, за секој кој спортува и негува здрав и активен живот.
„Со новата понуда од Halkbank и Visa, корисниците на Garmin часовници добиваат можност плус за безгрижно уживање во денот, паричникот е секогаш на рака“, рече Моника Црнокрак.
Деталите и спецификациите околу функционирањето на апликацијата ги презентираше Атила Селим, директор на алтернативни канали на дистрибуција и картично работење, маркетинг во Халкбанк, потенцирајќи ја важноста од воведувањето на оваа услуга.
„Garmin Pay e иновативен производ кој што го воведовме од причина што знаеме дека сè поголем број граѓани се трудат да водат здрав живот, а ние, како банка даваме силна поддршка на практики кои што значат негување здрави животни навики и заштита на природата. Garmin часовникот е придружник на сите оние што спортуваат, било професионално, било рекреативно“ – истакна Селим.
Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. При ваквиот тип на плаќање, потребно е да се внесе лозинка, да се избере картичката со која ќе се врши плаќање и потоа часовникот да се доближи близу читачот на ПОС терминалот.
Доколку живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и сакате да шетате во природа, тогаш ваш идеален придружник е ова модерно решение за бесконтактно плаќање со Garmin Pay.
Повеќе информации може да најдете на веб страницата на Халкбанк: www.halkbank.mk/garminpay.