Пазарот на графички процесори се менува и сега влегуваат компании од Кина, кои користат домашни графички архитектури за да се натпреваруваат со сегашните GPU гиганти од запад.
Moore Threads ги претстави првите, кинески графички производи, наречени MTT S60 и MTT S2000. Графичката картичка се напојува со архитектурата на Moore Threads MT Unified System Architecture (MUSA) и поддржува DirectX, OpenCL, OpenGL, Vulcan и Nvidia CUDA.
MTT S60 и MTT S2000 GPU се карактеризираат како гејминг и сервер модели. Тие поддржуваат H.264, H.265 и AV1 кодирање, како и H.264, H.265, AV1, VP8 и VP9 видео декодирање. Покрај тоа, Moore Threads тврди дека нивните производи поддржуваат софтвер за дизајн како Houdini, Unreal Engine, Unity и D5.
Moore Threads: Die ersten komplett chinesischen Grafikkarten https://t.co/3WN2dQLRl3 #MooreThreads #MUSA
— heise online (@heiseonline) March 31, 2022
Графичките картички се создадени во 12nm литографски процес, што ги става години зад моделите на AMD, Nvidia и Intel кога станува збор за технологијата на производство. Дополнително, Moore Threads S60 и S2000 на корисниците им нудат само шест и 12 TFLOPS перформанси. За споредба, Nvidia RTX 3090 Ti нуди повеќе од 40 TFLOPS перформанси.
Kога станува збор за гејминг перформансите, Moore Threads го претстави моделот MTT S60 кој работи на League of Legends во 1080p. Но, не се понудени детали за изведбата, така што не може да се заклучи премногу, со оглед на тоа што League of Legends не е премногу напорна игра.
Се очекува Moore Threads да создава помоќни производи со текот на времето, а останува да се види колку ќе бидат конкурентни со графичките картички AMD, Intel и Nvidia.
Извор: B92.net