Ако оваа година погледнете само една „вселенска фотографија“, тогаш оваа мора да биде оваа. Може да се превземе ОВДЕ – Сонцето, нашиот животворец, во неверојатна резолуција од 83 мегапиксели. Можете да зумирате како никогаш досега за да ги видите неговите филаменти и блесоци одблиску.
Направена на половина пат помеѓу Земјата и Сонцето, таа е создадена на 7 март 2022 година од камерата на вселенското летало Solar Orbiter на Европската вселенска агенција.
Мозаик од 25 поединечни 10-минутни експозиции направени една по друга, на леталото му беа потребни четири часа да ја создаде.
Сликата има неверојатни 9148 x 9112 пиксели и огромни 83 мегапиксели. За споредба, 4K телевизор има резолуција 3840 x 2160 пиксели, што се 8 мегапиксели.
Фотографијата што треба да ја преземете е „тешка“ 56 мегабајти за да сфатите колку е детална, објави Forbes.
Воопшто не е изненадувачки што е слика со најголема резолуција од целосниот диск на Сонцето досега направена, иако беа користени специјални камери за да може да ја вклучи и неговата надворешна, пожешка атмосфера, сончевата корона која вообичаено е видлива само за време на целосно затемнување на Сонцето на Земјата.
Направена е со помош на камера која е чувствителна само на екстремната ултравиолетова област од електромагнетниот спектар.
Другите камери на Solar Orbiter можеа да ја измерат температурата на Сонцето додека се склопуваше мозаикот, создавајќи ја оваа анимација: