Rover Perseverance, лоциран на Марс, им помогна на научниците на НАСА да откријат дека звукот на Црвената планета патува побавно отколку на Земјата.
Од слетувањето на Марс пред нешто повеќе од една година, роверот Perseverance на НАСА ги користи своите микрофони за да снима звуци на Црвената планета, вклучувајќи силни ветрови и звукот на хеликоптерот Ingenuity кој лета низ Марсовата атмосфера. Меѓутоа, сега овие снимки им помогнаа на научниците да откријат дека звукот патува поинаку на Марс отколку на Земјата.
Во студијата објавена во списанието Nature, научниците рекоа дека откриле дека ретката атмосфера на јаглерод диоксид на Црвената планета влијае на тоа звукот да патува побавно, додека висината на звукот дополнително влијае на неговата брзина. На Земјата, звукот обично се движи со брзина од 1.235 км/ч. Сепак, научниците заклучија дека ниските тонови на Црвената планета се движат со брзина од околу 864 км/ч, а високите тонови со брзина од околу 900 км/ч.
„На Земјата, звукот се движи со иста брзина, без разлика дали се ниски или високи тонови. Но, на Марс, ако сте подалеку од изворот, ќе има големо доцнење“, вели главниот истражувач Силвестре Морис.
Звуците исто така се пренесуваат на пократко растојание на Марс поради поретката атмосфера. На Земјата опаѓаат по 65 метри, а на Марс по само 4 метри. Ова би го отежнало разговорот меѓу луѓе на Марс оддалечени само пет метри едни од други.
Ако сакате да ги слушнете звуците на Марс споредени со звуците на Земјата, НАСА направи снимка која покажува како атмосферата на Марс би ја променила нашата перцепција за светот.