IQOS, револуционерниот електричен уред за загревање на тутунот кој претставува подобра алтернатива на цигарите, ќе може да се најде кај два нови продажни партнери во Тетово. Станува збор за „Туши Тобако“ и „Роут Тобако 66“.
Новите продажни локации се наоѓаат во центарот на Тетово, поточно „Туши Тобако“ на ул. Илинденска 1/1, во рамките на ГТЦ Тетово и „Роут Тобако 66“ лоциран на ул. Благоја Тоска бр. 41/B.
Освен во Тетово, овој уред е достапен во главниот град Скопје, на IQOS зоните во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол, мобилната зона која се наоѓа во Веро Тафталиџе и кај продажните партнери во повеќе други градови во земјата. Покрај тоа, овој производ може да се нарача и онлајн преку IQOS веб-страницата.
Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот и вкупно го користат 21,2 милиони луѓе, кои целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.