Вештачката интелигенција (ВИ) е топло добредојдена за автоматизирање на досадни и рутински задачи. Но, дали знаете дека таа може да ни ги прочита и чувствата? Кои области ќе имаат бенефит од вештачка интелигенција што распознава емоции?
Научниците веќе дадоа зелено светло за масивна употреба на вештачката интелигенција во речиси секоја индустрија.
Но, сепак имаат спротивставени ставови кога станува збор за тоа дали таа треба да ги чита емоциите на луѓето при носење одлуки за вработување или проценка на болка. Скептицизмот се должи на можноста за погрешна проценка или пристрасна одлука.
Како вештачката интелигенција ги препознава емоциите и намерите на луѓето?
Анализата на изразот на лицето со помош на машинското учење постои уште од 2003 година.
Ова значи дека веќе две децении, истражувачите активно работат на алгоритми за компјутерска визија коишто можат да ги одредат емоциите и намерите на луѓето.
Оваа технологија се потпира на машинското учење, алгоритми коишто обработуваат податоци за да „научат“ како да донесуваат одлуки за да постигнат уште попрецизно препознавање на влијанието на емоциите.
Кои области ќе имаат бенефит од вештачка интелигенција што распознава емоции?
1. Адаптирани видео игри
Користејќи компјутерска визија, преку изразите на лицето во текот на играта конзолата за игри ги детектира емоциите и се прилагодува на нив.
2. Прецизна медицинска дијагноза
Софтверот може да им помогне на лекарите при дијагностицирање на болести како депресија и деменција со користење на гласовна анализа.
3. Прилагодена наставна програма
Прототипови на софтвер за учење се развиени за да се прилагодат на емоциите на децата.
Кога детето покажува фрустрација бидејќи задачата е премногу тешка или премногу едноставна, програмата ја прилагодува задачата така што таа станува помалку или повеќе предизвикувачка.
4. Подобро ментално здравје за вработените
Емоционалната вештачка интелигенција може да помогне да се анализираат нивоата на стрес и анксиозност на вработените кои имаат многу напорни работни места, со цел да се преземат активности за подобрување на менталното здравје.
5. Грижа за пациентите
Преку користење на чат-бот, постарите пациенти може да се потсетуваат да си ги земаат лековите. Дополнително, чат-ботот може и да разговара со пациентот и да ја следи неговата благосостојба.
6. Безбедно возење
Автомобили можат да користат технологија за компјутерска визија за да ја следат емоционалната состојба на возачот.
При екстремна емоционална состојба или поспаност, технологијата ќе го предупреди возачот за потенцијалната опасност.
7. Автономен автомобил
Наскоро, внатрешноста на автономните автомобили ќе има голем број на сензори, камери и микрофони што ќе следат сè што се случува во текот на возењето за да разберат како корисниците го перцепираат целото искуство.
8. Откривање на измами
Осигурителните компании можат да користат гласовна анализа за да откријат дали клиентот ја кажува вистината кога поднесува барање за рефундација.
9. Регрутирање на нови кандидати
За време на интервјуата, рекрутерот може да користи софтвер што ќе ги чита емоциите на кандидатот за да провери дали ја зборува вистината или не.
10. Препознавање на расположение
Вештачката интелигенција може да го препознае расположението на личноста и соодветно да одговори.
11. Зголемување на продажба
Трговците можат да инсталираат технологија за компјутерска визија за емоција во своите објекти за да ги доловат демографските информации, расположението и реакциите на посетителите.
За да дознаете повеќе за импактот од вештачката интелигенција што распознава емоции – https://www.gartner.com/smarterwithgartner/13-surprising-uses-for-emotion-ai-technology
Извор: Некст Медиа
„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ“