Меѓународен тим астрофизичари со помош на телескопот Кеплер на NASA, кој престана да работи во 2018 година, откри егзопланета слична на Јупитер, која е оддалечена 17.000 светлосни години од Земјата. Тоа значи дека тоа е најоддалечената егзопланета што Kepler некогаш ја пронашол. Станува збор за егзопланета со ознака K2-2016-BLG-0005Lb, која е забележана во податоците што ги забележа Kepler во 2016 година. За време на неговиот живот, Kepler пронашол повеќе од 2.700 потврдени планети.
„Кеплер може да функционира без оглед на времето или делот од денот, а тоа ни помогна точно да ја одредиме масата на егзопланетата и нејзината орбитална оддалеченост од нејзината ѕвезда. Тоа е всушност идентичен близнак на Јупитер кога станува збор за масата и положбата во однос на сонцето чија маса е околу 60% од масата на нашето Сонце“, вели Имон Керинс, астроном од Универзитетот во Манчестер во Обединетото Кралство.
Астрономите се возбудени поради откривањето на новата егзопланета, особено поради фактот што Kepler не е во функција долго време и дека не е дизајниран да открива планети со помош на микролеќи. Инаку, мисијата на Kepler беше продолжена неколку пати, а тој конечно остана без гориво на 30 октомври 2018 година.
Сепак, NASA го подготвува вселенскиот телескоп Nancy Grace Roman, кој ќе може да користи микролеќи за проучување на егзопланети, а ист е случајот и со мисијата Euclid што ја планира Европската вселенска агенција.
Овие мисии ќе ја продолжат работата на Кеплер и ќе понудат нови сознанија за нашиот Сончев Систем и можност за тестирање на идеи за тоа како се формираат планетите. Ова всушност ќе биде почеток на ново возбудливо поглавје во потрага по други светови.