Ова ќе биде втор пат јужнокорејскиот производител на дисплеи да испорача флексибилни OLED панели за преносни компјутери. LG Display го испорача својот прв OLED панел на преклоп за ThinkPad X1 Fold латопот во 2020 година.
Панелот што се развива за HP ќе биде со големина од 17 инчи и 11 инчи кога ќе се свитка. Станува збор за флексибилен панел со резолуција 4K (3840 x 2160).
LG Display планира да започне масовно производство на панели во текот на третиот квартал. Компанијата се очекува да произведе до 10.000 примероци од овие панели.
Претходно оваа година, компанијата претстави 17-инчен преклопен панел на саемот CES. Во тоа време, LG Display соопшти дека новиот панел поддржува допир со прсти и пенкало, и дека е дизајниран за лаптопи, таблет уреди и монитори.
OLED панелот на ThinkPad X1 Fold беше со големина од 13,3 инчи и 6,2 инчи додека беше преклопен, со резолуција од 2048 x 1536 пиксели. LG Display досега има испорачано 20.000 панели од лансирањето на лаптопот. Во меѓувреме, компанијата соработува и со Apple за развој на друг OLED панел што се склопува.
Панелот е дизајниран за таблет уреди и преносни компјутери со ултра тенко стакло како капак наместо полимид.