Новиот оперативен систем Android 13 ќе биде официјално достапен во втората половина од годината, што може да донесе интересна промена и да ги направи непотребни традиционалните SIM картички.
Иако eSI е дел од комерцијално достапната технологија веќе шест години, прифаќањето на овој стандард не е на високо ниво. Има голем број телефони со поддршка за eSIM, но речиси сите ја имаат оваа функција покрај отворот за SIM картичка, што го ограничува прифаќањето и употребливоста на eSIM.
Дел од проблемот е што не ја поддржуваат сите провајдери на eSIM, иако достапноста на технологијата се кристализираше во претходните години поради прифаќањето на Apple. Најновата iPhone 13 серија веќе поддржува eSIM, а сега Google планира тоа да го направи преку платформата Android 13.
Откриена е опција во кодот на Android 13, што сугерира дека Google би можел да понуди начин за поврзување на повеќе провајдери на еден eSIM, во текот на следното големо ажурирање за Android.
Според истражувачот Михал Рахман, на Android Open Source Project и на сајтот Android Developers се откриени неколку референци кои укажуваат дека прифаќањето на споменатата опција е на пат.
Оваа опција најпрво може да се најде на идните Pixel бета уреди.