„Новите начини за консумирање тутун претставуваат помалку штетна алтернатива. Бездимните уреди и производи кои не го согоруваат тутунот можат да бидат замена за цигарите, бидејќи се побезбедни“, истакна реномираниот професор од Универзитетот во Тел Авив и претседател на израелскиот конгрес за атеросклероза, др. Дов Гавиш на неодамна одржаниот Меѓународен конгрес на Хисп, кој како основна тема ја имаше заштитата на срцето и крвните садови.
Тој во рамките на панелот „Pro et Contra – Дали бездимните производи се можност за намалување на штетноста на пушењето“, истакна дека треба да се поддржи преминот на овие нови производи, но тоа се однесува исклучиво на пушачите, како пат до престанок на пушењето.
„Штетата е помала колку што е помала изложеноста на штетни материи“
Професорот Гавиш укажува дека пушењето е сериозно прашање на целото општество, бидејќи покрај активните пушачи постојат и пасивни кои се изложени на чадот на цигарата во кој се наоѓаат најмногу потенцијално штетни материи, а дека чадот е најголем проблем кај цигарите. Професорот во повеќе наврати истакна дека најдобро можно решение е воопшто да не се пуши, но исто така се запраша кои се можностите на постоечките пушачи.
„Мораме да пронајдеме начини за консумирање никотин кои не се толку штетни. Истражувањата потврдија дека со промена на начинот на внесување на никотинот може да се види напредок кај крвниот притисок“, потврдува Дов Гавиш и нагласува: „Ризикот се намалува колку е помала изложеноста на штетни материи“. Тој додаде дека денес постојат помалку штетни алтернативи кои го потврдуваат напредокот на технологијата, науката и медицината, а ги зема во предвид уредите кои го загреваат тутунот, а не го согоруваат и на тој начин ја намалуваат емисијата на потенцијално штетни материи.
Точните информации и едукацијата се најважни
Проф. Др Небојша Тасиќ, кардиолог и професор на Универзитетот во Белград смета дека за престанок на пушењето е потребно да се промени традиционалниот пристап. „Концептот за намалување на штетноста може да им понуди алтернатива на пушачите, а потенцијалните бенефити се неверојатни. FDA потврди во својата студија дека одредени бездимни уреди неверојатно го намалија присуствот на потенцијално штетните материи. Бидејќи многу пушачи не сакаат да ги остават цигарите, тоа е таа промена на пристапот. Наместо забрана, за почеток нека ги заменат цигарите со помалку штетна алтернатива, до целосен престанок на пушењето“, вели професорот Тадиќ.
Тој ја нагласува важноста на приказната за пушењето: „Оваа тема е многу важна. Јас целиот свој живот го посветив на превенцијата. Иднината на кардиологијата е во превенцијата и предикцијата. Мораме да зборуваме за пушењето, бидејќи пушењето е еден од ризик факторите. Секако, не е единствен, но на пушењето може да се влијае, тој фактор може да се модифицира и намали.
Поради сето тоа, додава Гавиш, исклучително е важно да се шират точни и вистински информации и да се работи на одвикнување на луѓето од пушењето. „Пушењето со адекватна едукација може да се спречи, но дотогаш со тоа мораме да се бориме со сите расположливи средства и да пробаме да влијаеме на пушачите да престанат да пушат“, заклучува професор Дов Гавиш.