Почнаа да се појавуваат неофицијални информации дека уште еден од новите производи на Apple е во неволја. По iPhone SE, сега станува збор на AirPods 3 слушалките. Беа претставени во октомври минатата година, но се чини дека најновото издание на овие слушалки не ја воодушеви публиката.
Според познатиот аналитичар на сè што е поврзано со Apple, Минг-Чи Куо, AirPods 3 се дел од неуспешната деловна стратегија насочена кон подобрена сегментација на производите во рамките на понудата на компанијата од Купертино. Во моментов, побарувачката за AirPods 3 слушалките се чини дека е многу помала од претходниот модел AirPods 2, што доведе до тоа Apple да ги намали нарачките за дури 30 проценти во текот на вториот и третиот квартал од оваа година.
AirPods 3 orders for 2-3Q22 have been cut by 30%+. Due to the failed product segmentation strategy, demand for AirPods 3 is significantly weaker than for AirPods 2. AirPods Pro may get discontinued after Apple launches AirPods Pro 2 in 2H22 to avoid repeating the same mistake.
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) April 5, 2022
Причината за ова секако лежи во фактот што и AirPods 2 и AirPods 3 моментано се во продажба, како и што претходната верзија на овие слушалки е поевтина, па може да се купат за цени кои се движат од 50 до 129 долари, додека новите AirPods 3 чинат 170 долари. Подобрувањата меѓу двете генерации не беа огромни, а разликата во цената е значителна. Останува да видиме како Apple планира да го реши овој проблем.