Некаде есента 2021 година германската компанија Continental го претстави новиот концепт на гуми наречен Conti GreenConcept. Во оваа гума повеќе од 50 проценти од материјалите се обновливи или рециклирани, вклучително и полиестер од рециклирани пластични шишиња. Сега овие гуми влегуваат и во продажба. GreenConcept гумата се состоеше од 17 проценти рециклирани материјали како што се рециклиран челик, обновени саѓи и рециклирана полиестерска мрежа добиена од ПЕТ (polyethylene terephthalate) пластични шишиња.
ПЕТ шишињата се преработуваат во полиестер со високи перформанси – по сортирањето, се отстрануваат нивните капачиња, механички се чистат и се дробат. Сет стандардни гуми за патнички автомобили користи околу 40 рециклирани ПЕТ шишиња.
Од Continental велат дека овој материјал прво ќе го користат во своите AllSeasonContact, PremiumContact 6 и EcoContact 6 летни гуми, во пет големини за секоја. Сите гуми произведени со технологијата ContiRe.Tex ќе се произведуваат во фабриката на Continental во Лусад, Португалија, а од страната ќе го имаат логото Contains Recycled Material.
Покрај тоа што се еколошки, овие гуми носат и други придобивки. Како што објаснуваат од Continental, текстилните јажиња во полиестерско предиво од ПЕТ шишиња ги апсорбираат силите на внатрешниот притисок на гумата и остануваат димензионално стабилни дури и при високи оптоварувања и температури.