Pixel 6a смартфонот би требало да има 6,2-инчен екран, моќна батерија и процесор на Google.
Google во октомври минатата година ја претставил новата генерација паметни телефони, која е специфична по процесорот кој ги “придвижува” тие уреди. Имено, Pixel 6 и Pixel 6 Pro се првите телефони со сопствениот чип на Google – Tensor, благодарение на кој овие уреди имаат многу побрза работа на процесорот, а посебно подобра графика во однос на своите претходници. Tensor е дизајниран посебно за модели за машинско учење, што значи дека со негова помош најмногу ќе профитираат опциите како што е гласовниот асистент на Google, преведувачот, фотографиите и други.
На овој чип би требало да работи и третиот смартфон од оваа генерација, Pixel 6а. Во текот на оваа недела, на социјалните мрежи се појавија нови информации и првата фотографија (тешко е да се провери нејзината автентичност) од пакувањето на овој смартфон. Таа открива испакнатина при врвот на задниот дел од уредот во која се сместени камерата и блицот.
Google Pixel 6a Reportedly Leaked: Here’s What It Revealshttps://t.co/3He6aN0cVa#GooglePixel6a #Pixel6a #Leaked #Android pic.twitter.com/XbKsv5K9S4
— Technobezz (@technobezz) April 4, 2022
Резолуцијата на главната камера ќе изнесува 12 MP, додека покрај неа ќе има ултраширока камера со сензор од 12,2 MP. Што се однесува до предната камера, нејзината резолуција ќе изнесува 8 MP. Според досегашните гласини, Pixel 6a би требало да има OLED екран со дијагонала од 6,2 инчи и батерија со капацитет од 5.000 mAh. Досега немаше официјални информации кога Google би можел да ги претстави телефонот, а гласините укажуваат дека тоа ќе се случи на Google I/O конференцијата, која ќе се одржи во мај.
Сепак, објавените фотографии од пакувањето на Pixel 6a покажуваат дека тоа може да биде и порано, па не би било изненадување доколку Google, веќе во текот на овој месец го претстави и го пушти во продажба очекуваниот смартфон.