Хакерската група Anonymous успеа да дојде до податоци на дури 120.000 руски војници кои се борат во Украина.
Уште од почетокот на војната, хакерите се против руската агресија во Украина и на различни начини се обидуваат да ја попречат Русија. Кога почна инвазијата, објавија сајбер војна на руската влада, а сега соопштија дека нивниот најнов напад се однесува на личните податоци на руската војска.
„Протекоа лични податоци на 120.000 руски војници кои се борат во Украина. Сите војници кои учествуваат во инвазијата на Украина треба да бидат изложени на суд за воени злосторства“, стои во објавата.
Statement: Personal data of 120,000 Russian soldiers fighting in Ukraine was leaked –
https://ddosecrets[.]com/wiki/Russian_soldier_leak
All soldiers participating in the invasion of Ukraine should be subjected to a war crime tribunal.— Anonymous (@YourAnonNews) April 3, 2022
Претходно, хакерите изведоа низа напади, а меѓу последните е и оној на Централната банка на Русија. Порачаа дека нападите ќе траат додека Русија не ја запре агресијата.