Компанијата Epic Games разви апликација наречена RealityCapture, која може да ги претвори фотографиите во 3D модели.
На апликацијата Reality Capture работи компанијата Capturing Reality, која Epic Games ја купи минатата година. Апликацијата е фотограметриски софтвер кој може ласерското скенирање брзо да го претвори во 3D модели. Во Epic Games се надеваат дека RealityScan ќе им понуди на корисниците пристап до истата технологија преку нивните смартфони.
На овој начин, креативците ќе можат во секое време да скенираат објекти од реалниот свет и да ги користат во своите проекти. Откако корисникот ќе се најави на својот профил на Epic Games, апликацијата ќе побара од него да креира најмалку 20 фотографии од одреден објект. Корисникот ќе може да го задржи прстот на копчето за фотографирање додека се движи околу објектот, а откако апликацијата ќе ги обработи фотографиите и ќе ги претвори во 3D објект, со помош на RealityCapture серверите, ќе може да го експортира во Sketchfab, 3D платформа која Epic ја купи во 2021 година.
Корисниците потоа ќе можат 3D креациите да ги продаваат на други креативци или да ги користат за сопствени 3D, VR и AR проекти. Споменатата апликација би можела да биде посебно корисна за програмерите на игри, доколку им биде потребен одреден објект за виртуелна средина.
Epic веќе ја тестира апликацијата кај ограничена група корисници на Apple уредите со iOS, пред да следува поширок и ран пристап за корисниците на iPhone оваа пролет. Верзијата на RealityScan за уредите со Android пристигнува подоцна оваа година.