Galaxy Fold серијата на Samsung е најскапа во понудата на овој производител, но со добра причина. Двата дисплеja, од кои едниот е флексибилен, секако не се евтини за производство, а функционалностите што ги носи овој мобилен уред се невообичаени и го инспирираат корисникот да го користи својот смартфон на интересни начини.
Сепак, постои еден сегмент каде Galaxy Fold линијата едноставно не успеа да им обезбеди на корисниците врвни перформанси, а тоа е системот на камери. Samsung досега не спроведе подобрувања на тој дел од уредот, кој е еден од најважните за многу корисници.
Сега се појавија информавии дека компанијата сериозно работи на подобрување на камера системот, па се очекува значителен напредок во однос на камерите кои ги имаше минатогодишниот уред, кои никако не беа блиски до нивото на флегчип моделот од S21 серијата. Промени се наѕираат, а новиот уред на преклоп би можел да ги позајми камера сензорите од Galaxy S22 серијата.
Како што наведуваат гласините од сајтот Galaxy Hub, едно од унапредувањата ќе биде врзано за телефото камерата која би можела да биде идентична на онаа која е присутна на уредите од Galaxy S22 серијата. Значи, 3 пати оптички зум во однос на оптичкото зголемување на сликата од два пати, кое го имаше Galaxy Z Fold3.

