Apple официјално го објави датумот на својата долгоочекувана конфереција за програмери – Worldwide Developers Conference (WWDC) 2022. Ова ќе биде 33. издание на конференцијата и се очекува да ги видиме новите ажурирања на оперативните системи на компанијата, вклучувајќи ги и новите iOS 16, iPadOS 16, macOS 13, како и новите верзии на watchOS и tvOS наменети за Apple Watch и Apple TV.
Apple потврди дека WWDC 2022 ќе започне на 6 јуни и ќе трае до 10 јуни. Настанот повторно ќе биде дигитален, што значи дека нема да се одржи со физичко присуство. Apple оваа година планира да понуди повеќе информативни сесии и лаборатории за програмерите да научат за надградбите на софтверот и функциите што ќе бидат претставени на претстојниот настан. И покрај фактот што настанот ќе се одржи целосно онлајн, ограничен број на програмери и студенти ќе имаат можност да присуствуваат во Apple Park за време Keynote презентацијата на 6. јуни.
Покрај програмерите во Apple Park, компанијата ќе понуди поддршка и за надворешни програмери кои сакаат да кодираат преку традиционалниот Swift Student Challenge. Оние кои сакаат да учествуваат во предизвикот ќе треба да создадат проект за swift Playground, на тема по свој избор. Проектот треба да му биде доставен на Apple до 25 април преку веб-страницата на комопанијата.
На настанот би можеле да бидат преставени и нови хардверски уреди. Моментно многу се зборува за претстојните MacBook Air и Mac Pro компјутери, а има и најава за лансирање на новиот PRO XDR монитор на Apple со дијагонала од 32 инчи и Mini LED дисплеј.