Vivo X Note е следниот флегшип телефон на компанијата, кој ќе биде претставен во Кина на 11 април заедно со флексибилниот уред Vivo X Fold и таблетот Vivo Pad. Пред лансирањето, на Weibo се појавија протечени фотографии од Vivo X Note во акција. Освен што го потврдуваат дизајнот, новите фотографии откриваат и неколку спецификации на претстојниот смартфон.
Предниот дел на Vivo X Note е опкружен со екран со заоблени рабови, кој има централно позиционирана селфи камера. Како водечки уред во понудата на Vivo, тој има супер тенки рамки околу дисплејот. Од десната страна на уредот има копче за јачина на звук и копче за вклучување.
Се чини дека X Note е опремен со кожен заден дел. Одзади има голем модул за камери, во кој има единица со четири сензори, хоризонтален LED блиц и логото ZEISS. Логото на Vivo е поставено на дното на уредот. Покрај во сина нијанска, X Note се очекува да пристигне и во црна и сива боја.
Vivo X Note ќе пристигне со прединсталиран Android 12 OS. Иако не е експлицитно споменато на фотографиите, уредот ќе биде опремен со Snapdragon 8 Gen 1 чипсет. Снимките потврдуваат дека телефонот има 12GB RAM и 512GB простор за складирање. Претходните извештаи тврдеа дека ќе доаѓа и во уште две опции, како што се GB RAM + 256GB внатрешна меморија и 12GB RAM + 256GB простор за складирање. X Note ќе го содржи и Vivo V1 чипот за оптимизација на сликата.
Гласините откриваат дека Vivo X Note ќе доаѓа со 7-инчен AMOLED дисплеј кој ќе нуди QHD+ резолуција, стапка на освежување од 120 Hz и ултразвучен скенер за отпечатоци во самиот екран. Ќе има предна камера од 32 мегапиксели, единица со четири камери од 50 + 48 мегапиксели + 12 + 8 мегапиксели и батерија од 5000 mAh со поддршка за безжично полнење од 80 W / 50 W.