Купување сопствен дом е една од најделикатните, најтешките, а воедно и најпаметните финансиски одлуки што човекот може да ја донесе. Иако причина број 1 поради која луѓето се одлучуваат да купат свој дом е желбата да направат паметна инвестиција која ќе им користи во иднина, постојат уште куп други, помалку или повеќе важни причини зошто навистина вреди да инвестирате во купување стан или куќа, и тоа токму сега.
Една од причините за желба и одлука за сопствен дом се неколкуте негативности што ги носи домувањето под кирија – почнувајќи од концептот на внатрешното уредување што сте принудени да го прифатите таков каков што е. Доколку пак се одлучите да изнајмите празен стан и да го уредите по ваш стил, се соочувате со трошок за опрема по мерка која потоа нема да одговара на Вашето ново, идно живеалиште, бидејќи нели, секој стан подразбира и наменско уредување по мерка. Домувањето во сопствен дом, овозможува целосна и креативна слобода во поглед на уредувањето, станот е ваш, и секој член на семејството може да си ги задоволи своите сопствени желби, а овој чин обезбедува и животна сигурност.
Доколку често менувате станови, се соочувате со нови сопственици, нови соседи и нови правила, па сигурно Ви е доста од повторување на овој долг и макотрпен процес.
Можеби се наоѓате во ситуација каде просторот почнува да ви оди „на нерви”, можеби станот е тесен, непрактичен или малку здодевен, можеби ви треба поголем, нов плакар, сакате пространа тераса или едноставно сакате поубав поглед? Тогаш, сега е вистински момент да го направите клучниот чекор во животот, обезбедување на совршено место за живеење и одлучување за станбен кредит.
Иако купувањето дом изгледа како вистински предизвик, бројните придобивки што доаѓаат со поседување сопствен дом, прават сето ова да има вредност. Домот треба да биде место во кое ќе бидете слободни да правите сè што ќе посакате. Просторот и околината треба да одговара на вашиот животен стил и карактер, да биде место каде секогаш ќе сакате со задоволство да се вратите. Место каде ќе се чувствувате удобно, ќе имате убав поглед и простор за сите ваши потреби. Место каде ќе го изградите вашиот живот и семејство.
Станбениот кредит на Халкбанк АД Скопје е создаден да ви овозможи убав поглед од новиот дом, со фиксна каматна стапка од 3,3% за првите 10 години, рок на отплата до 30 години и минимално учество од 10%. Ова е првиот и вистински чекор кон обезбедување дом од соништата.