Кога Microsoft го претстави својот најнов оперативен систем, корисниците не беа целосно воодушевени. Windows 10 е одличен оперативен систем на кој се навикнати корисниците, но како да е правило Microsoft да објави еден оперативен систем кој е одличен, а потоа да следува значително полоша верзија.
Го имавме Windows XP кој беше омилен, а потоа Windows Vista што беше омразен. Следуваше Windows 7, кој сè уште е една од најпочитуваните верзии на платформата, а потоа дојде Windows 8 кој никако не успеа да се наметне кај корисниците. Затоа и не изненадува судбината на најновиот систем Windows 11.
Но, неговиот животен век е сè уште на почеток, а Microsodt е очигледно решен да продолжи да го подобрува. Злите јазици велат дека тоа се должи на тоа што системот беше недовршен пуштен на пазарот, а би се согласиле дека делумно се во право. Ситуацијата е таква каква што е, а надградбите продолжуваат да доаѓаат.
Една од новите функции што Microsoft ја воведува во својот нов оперативен систем се табовите во File Explorer. На овој начин, File Explore почнува да наликува на современите веб-прелистувачи, а целта на оваа функционалност е да го олесни пристапот до фолдерите и фајловите при користење на оваа програма.
Корисниците наскоро преку File Explorer ќе можат да пристапат до поголем број табови, кои ќе се наоѓаат над линијата со алатки, односно на самиот врз на прозорецот. Ќе може и да се менува позицијата на табовите на линијатѕа на врвот на прозорецот, подесувајќи го пристапот како што им одговара на корисниците.
Покрај тоа, Microsoft планира да го редизајнира делот за навигација на оваа програма, па тука ќе се најде и
Quick Access делот за брз пристап до фолдерите, како и новата опција за додавање омилени фолдери и фајлови – Favorites. тука се и унапредените опции за делените фајлови, па сега фајловите можат со два клика да се поделат преку Team, OneDrive и Outlook програмите.