По Apple и Samsung, уште еден производител на телефони лансираше смартфон без полнач во кутијата. Првиот модел на компанијата Realme што ќе доаѓа без полнач е Narzo 50A Prime, а објаснувањето што Realme го даде за тоа е доста поразлично од сите останати.
Realme ќе го оправда исфрлањето на полначот, барем како што велат, со подобрување на спецификациите и перформансите на новиот телефон Narzo 50A Prime, кој ќе понуди подобри карактеристики во класата за пониска цена. Ова, тврдат тие, е директно влијание на исфрлањето на полначот и Realme ќе му понуди на пазарот многу подобар уред по уште поконкурентна цена. Исто така, претставниците на Realme велат дека Narzo 50A Prime ќе биде силен скок напред што се однесува до опциите и дека ќе предизвика револуција во нискобуџетната класа.
Секако, другата причина на Realme за исфрлање на полначот е зачувување на животната средина, намалување на електронскиот отпад, но и планот Realme да стане јаглеродно неутрален до 2025 година.
