Xiaomi 12 Ultra се очекуваше да биде лансиран заедно со Xiaomi 12, Xiaomi 12X и Xiaomi 12 Pro моделите во декември минатата година. Тоа не се случи и се претпоставуваше дека Xiaomi 12 Ultra ќе пристигне некаде во текот на третиот месец оваа година, бидејќи во тој период лани Xiaomi го претстави Mi 11 Ultra. Ни тоа не се оствари, а сега наводниот официјален постер покажува дека Xiaomi 12 Ultra би можел да биде претставен на 10. мај.
Наводниот постер беше споделен од Бен Гескин на Twitter, а фотографијата го споменува само името на уредот, датумот на неговото лансирање и дека ќе го покренува Snapdragon 8 Gen 1+ чипот. Иако работата изгледа прилично убедлива, сè уште не е јасно дали тоа е навистина точно.
Snapdragon 8 Gen 1+ е ненајавен чип, така што автентичноста на овој постер може да се доведе во прашање. Вчера се појавија гласини дека Qualcomm планира да го претстави Snapdragon 8 Gen 1+ некаде во мај, така што Xiaomi 12 Ultra би можел да биде првиот телефон што ќе го користи овој чипсет.
Гласините откриваат дека Xiaomi 12 Ultra ќе биде опремен со 6,73-инчен E5 AMOLED дисплеј, кој користи LTPO 2.0 технологија. Се очекува да има поддршка за 10-битни бои и стапка на освежување од 120 Hz.
Според дојавувачот Digital Chat Station, флегшип смарфонот на Xiaomi ќе продолжи да користи керамика за задниот дел и ќе се продава во најмалку две варијанти, односно во бела и црна боја.