Успехот со бананите е постигнат по повеќе од 13 часа тренинг
Иако роботот е успешен во 57 проценти од случаите, лупењето на бананата укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции од поместување на метални делови или испорака на кафе.
Роботите во Јапонија во фабриките вршат едноставни задачи или им доставуваат храна на посетителите во ресторани, но научниците претставиле робот кој е способен да изврши деликатна задача, односно да излупи банана без да ја оштети внатрешноста на овошјето, пишува “Reuters”.
Иако роботот со две раце е успешен во само 57 проценти од слуачите, лупењето на банана укажува на иднината во која машините ќе вршат посуптилни операции од поместување на метални делови или испорака на кафе.
Видеото на научниците од универзитетот во Токио покажало како роботот ја фаќа и лупи бананата со двете раце за околу три минути.
Научниците Хичеол Ким, Јошијуки Охмура и Јасао Кунијоши “го тренирале” роботот користејќи процес на “длабоко учење на имитацијата” во која демонстрирале акција на лупење на банана стотина пати за да произведат доволно податоци за роботот да ги научи потезите и да ги реплицира. Во овој случај, успехот со бананата бил постигнат по повеќе од 13 часа тренинг.
Додека се уште е подложен на дополнителни истражувања, Кунијоши верува дека неговиот метод на тренинг на роботи може да ги научи роботите да прават различни едноставни човекови задачи.
Се надева дека подобро обучените работи ќе ги ублажат јапонските проблеми со недостиг на работна сила.
Извор: Zimo.hr