Иако компанијата Meta се откажа од својата криптовалута Diem, се чини дека сепак ќе се појави виртуелна валута која моментно интерно се нарекува Zuck Bucks.
Како што пишува Financial Times, матичната компанија на Facebook и Instagram подготвува виртуелна валута која вработените ја нарекуваат Zuck Bucks очигледно по нејзиниот основач и директор Марк Цукерберг. Но, не се работи за криптовалута, туку за in-app токени кои би ги контролирала апликација, нешто слично на она што се користи во гејминг апликациите како валутата Robux во популарната детска игра Roblox. Токму Roblox направи огромен бизнис со Robux, а Meta сака нешто слично на својата платформа.
Мета не се дистанцира целосно од блокчејн производите, бидејќи компанијата сака да објавува и споделува NFT на Facebook. Financial Time наведува дека планот на компанијата е да лансира пилот кон средината на мај, а набрзо потоа ќе овозможи тестирање на членството на групите на Facebook врз основа на сопственоста на NFT.
Најавени се и некои од NFT плановите на Мета за Facebook и Instagram во јануари, а Цукерберг во март објави дека NFT пристигнува на Instagram.
Покрај тоа, Meta истражува „социјални токени“ или „токени за репутација“ кои би можеле да се издаваат како награди за значаен придонес за Facebook групите. Компанијата размислува и за традиционални финансиски услуги како што се заеми за мали бизниси.