Galaxy Watch 4 серијата на Samsung се покажа како хит, но траењето на батеријата беше еден од најмалку задоволителните делови на линијата. Ова е нешто што Samsung се подготвува да го реши со Galaxy Watch 5 Pro моделот, кој треба да има 60 проценти поголема батерија.
SamMobile известува дека Galaxy Watch 5 Pro моментно е во развој за да дебитира заедно со наследниците на постоечката Samsung линија подоцна оваа година. Иако засега не се знае многу за новите модели, информациите велат дека ќе имаат огромна батерија.
Според овој извештај и листата на корејски прописи, Galaxy Watch 5 Pro ќе се испорачува со батерија од 572 mAh. Тоа е огромен капацитет за паметен часовник. За да се разбере контекстот, ретко може да се види дека батеријата надминува 400 mAh, па овој Pro часовник на Samsung лесно би можел да издржи три дена со едно полнење.
Претстојниот паметен часовник, кој доаѓа со број на моделот SM-R925, ефективно донесува 60 отсто зголемување на вкупниот капацитет на батеријата во споредба со постоечките модели Galaxy Watch 4 / Classic од 44 и 46 mm. Наследниците на овие уреди добиваат и поголеми батерии, но сепак ќе биде одлично да се има паметен часовник со толку огромен капацитет. Покрај тоа, не е јасно колку физички ќе биде голем овој Pro модел и какви други функции може да понуди.