Во последните неколку години, Huawei вообичаено во една година претставуваше две серии од високата класа (P и Mate). Тоа не се случи минатата година, бидејќи кинеската компанија не ја објави Mate 50 серијата. Сепак, Mate 50 ќе пристигне оваа година и сега дознаваме интересни детали за овој модел.
На MWC 2022 во Барселона, Ли Чангжу од Huawei изјави дека компанијата работи на развој на Huawei Mate 50 и дека дефинитивно ќе биде објавен во текот на оваа година.
Неодамна се појавија рендери од Mate 50 моделот, кои откриваат еден многу интересен детал. На рендерите се забележув дека телефонот има класичен засек (notch) на предната страна, сличен на оној кај iPhone уредите. Интересно е што додека сите се стремат целосно да се ослободат од сите засеци и отвори на екранот, Huawei го враќа стариот голем notch на дисплејот. Се разбира, се работи за неофицијални рендери и овие информации треба да се земат со одредена резерва.
Понатаму, протекоа некои детали за чипот што ќе ги напојува Huawei Mate 50. Дојавувач на популарната кинеска социјална мрежа Weibo известува дека Huawei Mate 50 ќе го покренува Snapdragon 8 Gen 1 чипот на Qualcomm, но во 4G верзија, бидејќи Huawei не смее да користи 5G американската технологија. Тоа ќе биде првиот смартфон во светот што ќе биде испорачан со Snapdragon 8 Gen 1 во 4G издание.
Објавено е и дека Huawei Mate 50 моделот во Кина може да биде испорачан со Harmony OS 3.0, кој може да дебитира на Mate 50.
Засега не се познати некои попроверени и поконкретни информации за Mate 50 серијата, но за очекување е во иднина да има такви информации.