Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, изјави дека компанијата ќе прави роботакси, а следната година ќе започне со производство на три нови возила, јавува денеска Асошиејтед прес.
Маск не кажа детали за робот-таксито, освен дека „ќе изгледа прилично футуристички“.
Тој најави дека Tesla следната година во својата нова фабрика во близина на Остин, Тексас ќе започне со производство на пикапот Cybertrack, по што ќе започне со производство на нов роудстер и електрична полуприколка.
Elon Musk drops 'futuristic' Tesla Robotaxi news at Cyber Rodeo https://t.co/vxcNGgAokg
— Fox News (@FoxNews) April 8, 2022
Тој истакна дека компанијата би можела да започне со производство на роботи во 2023 година.
„Следната година ќе има огромен бран на нови производи“, рече Маск.