На својот пролетен настан, Apple го претстави новиот iPhone SE модел, кој не помина баш најдобро кај публиката, како и најновиот десктоп компјутер Apple Mac Studio. За разлика од „буџетскиот“ мобилен телефон на Apple, моќниот компјутер наиде на многу попозитивни реакции кај публиката, подесбно кај професионалците на кои им е потребен дискретен компјутер кој стои под мониторот и обезбедува многу моќни перформанси.
Сега, се појавија информации дека Apple ќе претстави два нови Mac модели на претстојната WWDC конференција, а презентацијата ќе се одржи на 6. јуни. Веста доаѓа од Марк Гурман, новинар на Bloomberg, кој во минатото имаше успех со прецизно предвидување на потезите на компанијата. Постои и силна претпоставка дека Apple за време на настанот ќе објави нови компјутерски процесори од својата М2 серија, кои се очекува да бидат побрзи од сегашните M1 чипови.
Од останатите информации, се претпоставува дека еден од овие Mac уреди ќе биде новиот редизајниран MaBook Air лаптоп. Има некои индикации дека може да биде презентиран уште еден MacBook, но засега тоа е само непотврдена гласина.
Она што е сигурно дека компанијата сака да претставува важни производи токму на WWDC, бидејќи тука прв пат ги објави своите компјутерски чипови пред две години. Apple е решен да ја претстави целата моќ на ARM архитектурата и за компјутери, а нам ни останува да го почекаме почетокот на јуни и да видиме што ќе точно ќе донесе WWDC конференцијата.