Компанијата AMD планира да ја претстави својата нова, буџетска графичка карта на 20 април. Дизајнот со еден кулер не уверува премногу дека оваа картичка ќе понуди одлични перформанси за нешто повеќе од обични игри, но секој нов графички процесор, секогаш предизвикува одреден интерес кај публиката, барем додека не се открие цената.
AMD RX 6400 графиката се заснова на ослабен Navi 24 XL чип, кој има 768 stram јадра. Оваа графичка картичка ќе има 4 GB GDDR6 RAM со работни фреквенции од 2,5 GHz. Дополнително, оваа графика троши 53W, што значи дека може да се напојува само од PCIe слот. Покрај тоа, ќе обезбедува брзина на пренос на податоци од 112 GB/s, а ќе има и еден HDMI и еден DisplayPort.
Цената засега не е конечна, но според она што можеше да се прочита на сајтот би требало да изнесува околу 255 долари, што е значително повисока од препорачаната малопродажна цена која треба да биде под 200 долари.


