Популарниот YouTube канал JerryRigEverything на својот познат тест за издржливост го стави најголемиот и најмоќниот таблет уред од новата линија Galaxy Tab S8 на Samsung.
Galaxy S8 Ultra може да се пофали со 14,6-инчен Super AMOLED екран, има метална рамка, а има и паметно пенкало кое прво се најде удар. Откако го отпакува таблетот, Зак го скрши S Pen на два дела, покажувајќи ни дел од елементите што го сочинуваат овој уред.
Екранот на таблетот беше подложен на вообичаениот тест за гребење и покажува стандардни резултати. Гребнатините се видливи на шестото ниво од скалата на Мос, додека подлабоките засеци започнуваат од седмото ниво.
Екранот е отпорен и на топлина, па откако пламен беше нанесен директно на екранот, AMOLED панелот издржа околу 25 секунди, по што е видливо трајно оштетување.
Видовме и како металната рамка се снајде под сечилото, но она што е веројатно најинтересно е како Galaxy Tab S8 Ultra се справи со тестот за јачина на структурата. Обидот за свиткување на уредот од двете страни не го оштети трајно и таблетот остана целосно функционален.