Откако пристигна Galaxy S22 серијата на Samsung, сите полека се насочуваат кон претстојните уреди на преклоп на компанијата и шпекулираат за нивните спецификации.
Станува збор за моделите Samsung Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z FLip 4, кои се очекува во август да се појават на пазарот. Сега познатиот типстер Dohyun Kim откри дека Galaxy Z Fold 4 ќе добие значително подобра камера во однос на претходникот, а се работи за главната камера од 108 MP. Тоа веќе е случај со Galaxy S22 Ultra, а оваа камера претставува огромен скок во однос на главната камера од 12 MP што ја има Galaxy Z Fold 3.
Уште претходно, се појавија информации дека Galaxy Z Fold 4 ќе ја позајми телефото камерата од 10 MP со 3x оптички зум од Galaxy S22 и S22 Plus. Предната камера интегрирана во екранот ќе остане иста, а се очекува поддршка за S Pen, а за разлика од Galaxy Z Fold 3, новиот модел би требало да има и dock за пенкалото.
Други извори наведуваат дека флексибилниот уред ќе има внатрешен OLED екран од 7,56 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, како и надворешен екран од 6,19 инчи.
Повеќе информации за новите преклопни уреди на Samsung се очекуваат во следниот период.