Апликацијата WhatsApp константно се надградува, а сега тестира нови можности.
Станува збор за новитет кој им овозможува на корисниците да го видат проценетото време на пристигнување на фајлот при испраќање преку чет на WhatsApp. Новата функција е во фаза на бета тестирање за Android, iOS и веб корисниците и ќе биде доста корисна во случај кога корисниците споделуваат големи фајлови.
Покрај тоа, WhatsApp во моментов тестира нови алатки за цртање наменети за корисниците на iOS уреди. Алатките вклучуваат две нови пенкала за подобрување на корисничкото искуство.
Кога станува збор за времето на пристигнување на фајлот, тоа ќе биде прикажано и видливо веднаш под нејзиното име, а ќе има процент на статус што ќе покаже колку фајлови се поставени за споделување.
WhatsApp вообичаено дозволува споделување фајлови до 16 MB на сите платформи, меѓутоа, се тестира зголемување на 2 GB. Алатките за цртање по iOS ќе бидат достапни и за тестирање на Android.
Засега не е познато кога овие новитети ќе бидат достапни за сите корисници.