Кон крајот на четвртиот месец минатата година, Sony го претстави флегшип смартфонот Sony Xperia 1 III. Како што се наближува овој период годинава, се повеќе се шират гласини за неговиот наследник кој би требало да го носи името Sony Xperia 1 IV. Пристигнуваат информации во врска со камерите, но и цените на овој телефон.
Sony Xperia 1 III има четири камери во комбинација 12 MP (главен сензор) + 12 MP (телефото сензор) + 12 MP (ултра широк сензор) + 0,3 MP (сензор за длабочина). Најновиот извештај покажува дека неговиот наследник ќе понуди сензор за главната камера од 48 MP, ултра-широк сензор од 48 MP или 50 MP, телефото сензор од 48 MP и сензор за камера за перископ.
Севкупно, Sony Xperia 1 IV се очекува да донесе значително подобрен систем на камери, што би можело да го направи смартфон со најдобрите камери во светот. Дополнително, се очекува уредот да добие и нов Snapdragon чип.
Наводно, телефонот би можел да се го покренува сè уште непретставениот чип Snapdragon 8 Gen 1 Plus, кој ќе биде поскап од обичниот Snapdragon 8 Gen 1. Наводно, телефонот има до 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање.
Сите овие подобрувања заедно би можеле да влијаат на зголемувањето на цената на телефонот, односно неговата почетна цена наводно ќе биде повисока од почетната цена на Sony Xperia 1 III.
Цената на Xperia 1 III изнесува 1.299 долари, а се известува дека неговиот наследник во Кина ќе чини околу 1.415 долари, што е значително повеќе од неговиот претходник. Очигледно, Sony не научи многу од минатото и ова е една од причините зошто телефоните на Sony не се ни приближно популарни како оние на Samsung или Apple.