Кинескиот Xiaomi веќе некое време се подготвува за претставување на својот електричен автомобил, а компанијата деновиве доби уште еден патент за електрично возило.
На почетокот на минатата година, Xiaomi го најави својот влез на пазарот на електрични автомобили, а на крајот на годината Xiaomi ја претстави Xiaomi Automobile Technology Co., Ltd. Во тоа време, компанијата беше регистрирана во Пекинг со капитал од 10 милијарди CNY (1,57 милијарди долари).
Се чини дека електричниот автомобил на Xiaomi, според досегашните гласини, ќе биде SUV модел. Кон крајот на минатата година, Xiaomi поднесе патент за широкоаголни камери за електрични автомобили и пред неколку дена овој патент и беше доделен на кинеската компанија.
Електричниот автомобил на Xiaomi нема да има класични странични ретровизори. Од компанијата објавија дека тие ќе бидат укинати поради поголемиот опсег. Широкоаголните камери, наводно, би можеле да се наоѓаат на врвот на автомобилот и ќе има вкупно три сензори, кои ќе обезбедат целосен поглед на околината. Конфигурацијата на камерата ќе помогне да се елиминираат слепите точки и да се подобри целокупната безбедност. Со нивна помош, возачот ќе има целосен преглед на околината додека вози.
Xiaomi неодамна потврди дека инженерскиот прототип на првиот електричен автомобил на компанијата ќе биде претставен во третиот квартал оваа година. Плановите на Xiaomi Auto се да изгради двофазна фабрика за електрични возила во економската и технолошката развојна зона на Пекинг. Се очекува годишното производство на оваа фабрика да биде 300.000 возила, од кои и првата и втората фаза ќе имаат производствен капацитет од по 150.000 возила.
Xiaomi Automobile Technology Co., Ltd. е управувана од Леи Јун и има повеќе од 500 вработени кои работат на истражување и развој.