Компаниите за производство на паметни телефони успешно го проширија екранот на своите смартфони од раб до раб, но и натаму постои предизвикувачка област во која не успеааја сите – криење на предната камера. Иако ОЕМ производителите на Android со години имаат засеци и екрани со отвори за селфи камерата, засекот на iPhone остана таков каков што е поради хардверот на камерата и FaceID. Меѓутоа, со патентот што неодамна му беше доделен на Apple, се чини дека сепак би можеле да го видиме совршениот iPhone без notch во дисплејот.
Според наодите на Apple Patently, Американската канцеларија за патенти и трговски марки официјално му одобри патент на Apple, кој го елиминира засекот на iPhone и го репозиционира TrueDepth системот на камерата зад екранот на телефонот. Нешто слично веќе видовме кај Samsung Galaxy Z Fold 3 уредот, пишува Patently Apple.
Сликата погоре ја покажува разликата помеѓу моментниот notch на камерата на iPhone и начинот на кој камерите ќе бидат скриени во идниот дизајн.