Следната голема верзија на оперативниот систем iOS на Apple би можела да имплементира „значителни подобрувања“, според. наводите на аналитичарите на Bloomberg.
Познатот новинар и дојавувач за Apple, Марк Гурман во својата последна анализа, истакнува дека очекува iOS 16 да донесе промени кај системот на нотификации, како и нов сет на функции поврзани со следење на здравствените параметри.
Сепак, оние кои можеби очекуваа да видат целосен редизајн на iOS, ќе бидат разочарани бидејќи наводно тоа не е во план за оваа верзија на платформата.
„Не очекувам целосен редизајн на интерфејсот на iOS, иако нема големи промени на ова поле од верзијата на iOS 7, која беше објавена пред речиси 10 години“, истакна Гурман.
– New Macs coming soon-ish, including the new MacBook Air
– Internal iOS 16 builds are full of ties to the Apple headset, rOS
– iOS 16 to get notifications update, but no redesign. Redesigned iPad app switcher planned
– Health and Fitness upgrades coming.https://t.co/4ESTiJqaPK https://t.co/5b5H76uTJC— Mark Gurman (@markgurman) April 10, 2022
Засега нема многу информации за плановите на Apple, кога се во прашање останатите платформи на компанијата, како watchOS и macOS.
Apple ќе ја лансира својата размена на оперативни системи (iOS 16, watchOS 9 и macOS) за време на WWDC 2022 конференцијата, која ќе се одржи од 6 до 10 јуни оваа година.