Речиси сите социјални мрежи, форуми и платформи за дистрибуција или стриминг на содржина имаат вграден некој облик на оценување. Најчесто се состои од давање една до пет или десет ѕвезди, или со гласање со палецот нагоре (лајк), палецот надолу (дислајк) и слични upvote/downvote копчиња.
Ова пак ги наведува сопствениците на услугите да се обидат да добијат корисни информации за нивната содржина врз основа на гласови или подобро да ги задоволат алгоритмите кои им препорачуваат нова содржина на корисниците, врз основа на она што претходно им се допаѓало или не им се допаѓало. Последниот голем експеримент што го видовме за ова прашање беше оној на YouTube, во кој целата видео платформа остана без прикажување на бројот на дислајкови – бидејќи тоа ќе ги спречи злонамерни масовни напади со гласање со палецот надолу.
Netflix сега тргна во малку поинаква насока, објавувајќи дека филмовите и сериите на сервисот сега може да се оценуваат со палецот надолу или нагоре, но и со двоен палец нагоре. Овој „двоен лајк“ има за цел да им даде можност на гледачите да го користат за да означат кога не само што им се допаѓа нешто, туку навистина многу им се допаѓа.
Прикажувањето на бројот на такви гласови не е јавно достапно, ниту пак влијае на позиционирањето на содржината на целата платформа, туку служи исклучиво да се осигура алгоритмите da „научат“ како подобро да им ja препорачуваат на поединечните корисници содржината што им се допаѓа. За да се добијат дополнителни информации, велат, било неопходно да се воведе и оваа опција, бидејќи само палецот надолу или нагоре не било доволно. Тие ги советуваат своите претплатници на Netflix да користат двоен палец нагоре за да ги обележат омилените филмови и серии, а потоа почесто ќе препорачуваат содржини од овој тип, исти продуценти и слично.