Јапонскиот технолошки гигант Sony инвестираше околу една милијарда долари во американската компанија за компјутерски игри Epic Games. Ова беше соопштено на интернет-страницата на корпорацијата.
„Преку оваа инвестиција, со нетрпение очекуваме да ја прошириме и продлабочиме нашата соработка со Epic Games заради можностите што ќе доведат до создавање нови начини на забава“, се вели во објавата на Sony.
Инаку, Epic Games е компанијата-создавач на една од најпопуларните игри денес Fortnite.