Компанијата Vivo го претстави својот флексибилен смартфон, кој барем засега е достапен само на кинескиот пазар.
Станува збор за моделот X Fold, кој е дизајниран слично како Galaxy Z Fold серијата на Samsung и сличните конкуренти. Во внатрешноста доби голем 8,3-инчен преклопен дисплеј за користење на уредот во стил на таблет, како и конвенционален надворешен 6,53-инчен екран.
Како што е случај со Samsung, Vivo за својот екран го искористи слојот на Ultra Thin Glass (UTG) стакло произведено од компанијата Schott, што треба да придонесе за издржливоста. Шарка овозможува целосно отворање на телефонот, како и негово отворање под агли од 60 и 120 степени.
Кинеската компанија тврди дека екранот може да „преживее“ 300.000 отворања, што е многу повеќе во однос на бројката од 200.000, колку што тврдат од Samsung за својата најнова генерација преклопни уреди.
Vivo X Fold го одликуваат и флегшип спецификации, го покренува процесорот Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm, а го напојува батерија од 4.600 mAh, што поддржува безжично полнење од 50 W и жично полнење од 66 W. Стапката на освежување на двата споменати екрани е 120Hz, а во нив е вграден ултразвучен сензор за отпечатоци.
На задната страна на уредот е главна камера од 50 MP, ултраширока од 48 MP, 2x телефото од 12 и перископ 5x камера од 8 MP. Двата дисплеја имаат перфорирани засеци во кои се сместени селфи камери од 16 MP.
Моделот со 12GB RAM и 256GB простор за скалдирање чини околу 1.413 долари, додека верзијата со 512GB внатрешна меморија чини 1.570 долари. Смартфонот моментално е ексклузивен на кинескиот пазар.