Чувањето на личните информации е сè потешко во ерата на интернет и социјални медиуми. Современите техники за рекламирање во голема мера се потпираат на искористување на личните податоци на корисниците за да им помогнат на огласувачите подобро да ги продаваат своите производи. Што може да направите во врска со тоа?
Каде живеете, вашата плата, колку деца имате и каде купувате на интернет се само мал дел од информациите до кои огласувачите имаат лесен пристап кога сакаат да Ве таргетираат со реклами.
Многу современи техники за рекламирање како користење на дигитални отпечатоци од прсти, таргетирање засновано на локација и следење преку уреди, се потпираат на Вашите лични податоци за да ја постигнат целта.
Затоа, не е изненадување што приватноста на податоците, приватноста на интернет и рекламните тракери стануваат важни теми за секој што поминува време онлајн.
Скандалите како Cambridge Analytica на Facebook, Capital One и Experian резултираа со разоткривање на лични информации на стотици милиони луѓе правејќи ги лесно достапни за хакерите.
Ова ги освести интернет корисниците за опасностите што постојат доколку нивните лични информации се слободно достапни на интернет.
Дали таргетирањето на интернет може да се спречи?
Со толку многу податоци што секојдневно ги разменуваме на интернет, колку е можно да ги спречите огласувачите да Ве таргетираат? За жал, многу малку.
Заклучокот е дека следењето од страна на огласувачите на интернет, во некоја форма, најверојатно ќе продолжи. За среќа, можно е да ги спречите огласувачите да ги следат барем повеќето од Вашите движења низ интернет просторот и да преземете одредена контрола врз информациите што тие ги знаат за Вас.
Како можете да го запрете или ограничите следењето на рекламите и да ја подобрите приватноста на Вашите податоци?
Ако сакате да ја ограничите количината на Вашите лични податоци што можат да ги следат огласувачите (и да ја зголемите приватноста на Вашите податоци), еве кои едноставни чекори може да ги преземете:
- Инсталирајте AdBlock за да ги блокирате рекламите и да ја заштитите Вашата приватност .
- Активирајте го списокот со филтри за EasyPrivacy (како дел од AdBlock) за да избегнете веб-бубачки, скрипти за следење и други собирачи на информации за да ја задржите приватноста на Вашата интернет активност.
- Овозможете ја опцијата “Do Not Track.” Ова е поставка што му овозможува на Вашиот прелистувач да бара од веб страни што ги посетувате да не ги собираат Вашите податоци од прелистувањето.
- Исклучете ги таргетираните реклами на Фејсбук. Отворете го менито за поставки. Во полето реклами изберете „Поставки за реклами“ и исклучете се од насоченото рекламирање со избирање „Не е дозволено“ на опциите што ќе Ви се појават.
- Оневозможете ги колачињата во Вашиот прелистувач. Имајте на ум дека оваа активност автоматски ќе ги оневозможи и добрите колачиња, како на пример Вашите лозинки и шопинг листи.
- Користете “Incognito” прозорец (приватен режим на прелистување) што му овозможува на Вашиот прелистувач да ги игнорира колачињата за веб-локациите да не запомнат работи како што се Вашите лозинки.
Од каде да започнете?
Иако има многу начини како да ја зголемите приватноста на податоците, не треба да се обесхрабрувате дека огласувачите сепак ќе најдат начин како да стигнат до Вашите информации за рекламни цели.
Наш совет? Започнете со инсталирање AdBlock – неверојатно лесен начин да започнете на патот кон подобра приватност на податоците!
За да дознаете повеќе како да се заштитите од таргетираните реклами на интернет – https://blog.getadblock.com/introduction-to-data-privacy-how-to-limit-ad-tracking-and-protect-yourself-online-51091934756e
Извор: Некст Медиа
„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ“