Компанијата Samsung Electronics би можела двојно да ги зголеми напорите за рециклирање, со лансирање програмата за поправка на мобилни уреди која ги пренаменува рециклираните компоненти. Во теорија, ова може да ги преполови трошоците за замена на одредени делови.
Целта е да се намали отпадот со пренамена на користениот хардвер преку програма за поправка на мобилни уреди. Компанијата наводно ќе понуди рециклирани делови како замена со сертификат на производителот и ќе се погрижи нивниот квалитет да биде на ниво на новите компоненти.
Samsung наводно размислува за лансирање на оваа програма за поправка на мобилни уреди за рециклирање во следните неколку месеци, а крајниот рок се чини дека е некаде околу шестиот месец оваа година.
Откако програмата навистина ќе почне со работа, би можела да им овозможи на корисниците да добијат рециклиран заменет екран на паметниот телефон по половина цена од новиот. Ова е добро од две причини – првата е што корисникот нема да купи екран со сомнителен квалитет иод сомнителен производител, а втората е дека сервисот ќе биде извршен во овластен сервис, така што квалитетот и безбедноста на услугата се на повисоко ниво.
Иако не е јасно дали оваа програма за поправка заснована на компоненти за рециклирање ќе заживее, таа би се вклопила во сегашната визија на компанијата, бидејќи Samsung користи рециклирани рибарски мрежи за некои некритични компоненти на Galaxy S22, а исто така ги отстрани и ѕидните полначи од малопродажните кутии со цел го намали отпадот и со тоа да придонесе за зачувување на животната средина.