Според информациите кои пристигнуваат од производителите на овој тип уреди, AR/VR паметните очила на Apple се практично завршени и моментно се во завршна фаза на тестирање (EVT2) за да се осигура дека прототипот на уредот целосно ги исполнува дизајнерските барања и спецификации на компанијата. Според истите извори, новиот производ на Apple ќе излезе кон крајот на оваа година.
Иако Apple ги чува во тајност деталните спецификации, целиот проект е веќе во финална фаза. Компанијата долго време работи на развојот на realityOS оперативниот систем за паметни очила, а има траги од програмскиот код на Apple како и референци на AppStore.
За очекување е дека Apple VR очилата ќе имаат едноставен и лесен дизајн, два 4K micro-LED екрани, 15 оптички модули, два главни процесори, Wi-Fi 6E конекција и функција за следење очите. Составен дел од можностите е и AR режимот на работа, односно проширената реалност, како да гледате низ нештата и просторот, со можност за следење на објектите, контролирање на движењето на раката, односно гестикулација и многу повеќе.
Цената сè уште не е позната, но одредени извори наведуваат дека уредот ќе чини околу 3.000 долари.
