Компанијата Apple сака да развие сопствено решение кое ќе овозможи мерење на крвниот притисок со помош на паметен часовник, кој би ги предупредил корисниците во случај да имаат хипертензија. Од една страна, ова звучи многу помалку интересно од решението што го претстави Samsung, додека од друга страна не би била потребна месечна калибрација.
Покрај тоа, Apple дистрибуираше тимови кои работат на имплементација на неинвазивен мерач на шеќер во крвта, но оваа функционалност се уште е во почетна фаза и нема индикации за тоа кога би можела да се појави на некој од паметните часовници. Дотогаш, Apple ќе се обиде да ја подобри поддршката за мерачите на гликоза од други производители.
Од друга страна, сензорот што ја чита температурата на телото треба да се појави на претстојниот уред на Apple Watch. Меѓутоа, и овој сензор само би го предупредил корисникот доколку им зголемена температура и најверојатно би изостанале точни податоци. Понатаму, се очекува подобрување на детекцијата на атријална фибрилација, што би било овозможено преку софтверска надградба на оперативниот систем на watchOS 9.
За крај, се очекува дека Apple ќе претстави три нови паметни часовници во текот на оваа година, вклучувајќи го новиот претставник на својата стандардна серија, еден модел од поевтината ценовна категорија, како и поскап модел чија целна група би можеле да бидат професионалните спортисти. Сето ова би требало да биде претставено оваа есен, најверојатно во септември.