Motorola го претстави новиот паметен телефон кој може да спаѓа во категоријата од пониска средна класа. Станува збор за смартфонот наречен Moto G52 кој е објавен без многу помпа. Moto G52 може да се пофали со значајни карактеристики за оваа ценовна категорија, како што е OLED екранот.
Moto G52 го покренува Qualcomm Snapdragon 680 чипсет. Доаѓа во комбинација со 4GB или 6GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Има слот за microSD картичка за проширување на меморијата. Телефонот работи со Android 12, над кој е обложен Motorola My UX интерфејсот.
Предниот дел на телефонот е покриен со споменатиот OLED екран од 6,6 инчи, Full HD+ резолуција, сооднос 20:9. Стапката на освежување на екранот е 90 Hz. Екранот поддржува густина на пиксели од 402 ppi и DCI-P3 опсег на бои.
Кога станува збор за камерите, Moto G52 има вкупно четири сензори, од кои три се на задната страна. Главниот сензор е 50 MP со отвор на бленда f/1,8. Се спојува со ултра широк сензор од 8 MP и сензор за длабочина. На предната страна, во отворот на горниот дел од екранот, има предна камера со сензор од 16 MP.
Телефонот се напојува со батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 30W.
Цената на смартфонот изнесува 249 евра и Motorola објави дека уредот ќе биде достапен на некои европски пазари во претстојните недели.