Huawei го претстави EMUI 12 минатото лето и значителен број телефони веќе ја добија оваа надградба. Сега пристигнува одлична вест за сите корисници на прилично стариот модел на Huawei. Имено, надградба на EMUI 12 интерефејсот почна да добива и Huawei Mate 20 Lite.
Huawei P20 Lite е претставен во 2018 година со Android 8 Oreo. Уредот доби две големи надградби на Android, оние на Android 9 и Android 10. Моментно смартфонот е на Android 9 и EMUI 10. Иако Mate 20 Lite не е на листата уреди на Huawei кои ќе го добијат EMUI 12, телефонот денеска го доби споменатото ажурирање. Значи, директно од EMUI 10, Huawei Mate 20 Lite се апдејтува на EMUI 12.
Ова сè уште не е стабилна надградба, но Huawei почна EMUI 12 програма за бета тестирање за Mate 20 Lite со број на модел SNE-LX1. Оваа бета верзија во моментов е достапна во Шпанија. Она што е навистина импресивно е потегот на Huawei да го надгради четиригодишниот модел од средна класа на најновиот EMUI. Потег достоен за сите пофалби.
Истиот потег Huawei го направи со уште еден смартфон. Имено, бета тестирањето на EMUI 12 почна и на Huawei P Smart 2019 телефонот. Баш како и кај Mate 20 Lite, и овој телефон е моментно на EMUI 10, и директно од него ќе биде биде ажуриран на EMUI 12. Како и Mate 20 Lite, P Smart 2019 најпрво ќе ја добие надградбата во Шпанија.
Од Huawei на претставувањето на EMUI 12 наведоа дека се работи за „иновативен дизајн на интерфејсот“, кој се состои од три главни бои – бела, црвена и сина. EMUI 12 донесува со себе многу промени, а пред се тоа се однесува на целокупниот редизајниран кориснички интерфејс.