Емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производните погони на Макстил се до 4 пати пониски од дозволените гранични вредности пропишани според Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат редовните мерења што се прават во компанијата. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3 во првите три месеци од годината највисока вредност е измерена во месец март и изнесува 5,53 mg/Nm3. На втората мерна точна, Оџак на пескара во истиот период измерена е вредност на цврсти честички од 9,24 mg/Nm3, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 mg/Nm3.
Компанијата Макстил започна пракса на редовно објавување на резултатите од мерењата на двете мерни точки коишто се споредуваат освен со вредностите од Министерството за животна средина, уште и со стандардите според А-интегрираната еколошка дозвола и пропишаните европски гранични емисиони вредности. Во целиот период откако се прави мерењето, вредностите измерени во Макстил секогаш се неколкукратно пониски, а некогаш и до 20 пати помали од дозволените гранични вредности според која било од трите референтни скали и досега ниту еднаш не биле над овие граници.
Редовното објавување на мерењата се резултат на заложбите на компанијата за општествено одговорен и транспарентен однос, а минималните вредности на емисионите вредности се должат на инвестициите на Макстил во современи технолошки и безбедни производни процеси.
Во прилог на ова соопштение е пресекот на работењето на компанијата во првите три месеци од 2022 година.