Компанијата Google малку срамежливо ја претстави својата нова апликација наменета за iPhone корисниците во iOS, под името Switch to Android. Оваа апликација со многу сугестивно име, има за цел на актуелните корисници на iOS уредите, значително да им го олесни преминот на Android оперативниот систем.
Апликацијата на Google би требало значително да ја олесни оваа немила транзииција. Суштински, поентата на оваа апликација е да им овозможи на корисниците лесно да ги префрлат интегралните податоци од iOS на Android оперативниот систем.
Една интересна работа врзана за оваа апликација е дека Google во моментов, се уште официјално не најавил дека може да се преземе од iOS App Store. Уште повеќе, до неа не може да се дојде со пребарување на App Store, а не е претставена ниту на еден од официјалните сајтови на Google. Се шпекулираше за тоа дека се работи за развој на таква апликација, но останавме зачудени од ваквиот потег на компанијата.
Switch to Android ги префрла информациите на корисникот на облак, од каде ги копира на Android смартфонот, по што корисникот го активира својот нов уред. Значи, нема кабли, туку лесен трансфер на податоци. Она што корисниците можат на овој начин да го префрлат се контактите, промените во календарот, фотографиите, видеата, како и текстуалните записи.