Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Nexo објави дека во соработка со глобалната компанија за картички Mastercard, денеска во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути.
Nexo картичката првично ќе биде достапна само во неколку европски земји и ќе функционира како кредитна картичка со дигитални средства како залог за одобрениот заем.
Картичката е поврзана со кредитната линија што ја одобрува Nexo и се заснова на депонирани криптовалути. Може да ја користат 92 милиони трговци ширум светот кои прифаќаат плаќања со Mastercard.
Купувачите ќе можат да потрошат до 90 отсто од депонираната криптовалута.
„Картичката не го вклучува минималниот износ на отплата (кредит), месечни рати или провизии за неактивност. Нема девизни провизии за износи до 20.000 евра месечно“, велат од Nexo.
Потрошувачката не е ограничена, ниту сумата што може да се повлече од отворена кредитна линија, а каматата се плаќа само на искористениот износ на кредитот. За клиентите со коефициент заеми и депозити од 20 отсто, тој е 0 отсто.
Повеќето традиционални кредитни картички не се обезбедени со депозит и вклучуваат лимит за трошење.
„Mastercard увидува дека дигиталните средства суштински го менуваат светот на финансиите“, рече Раџ Дамодаран од Mastercard.