Оригиналниот PlayStation VR на Sony излезе кон крајот на 2016 година и е прилично стар. Во јануари годинава, компанијата конечно ги објави плановите за објавување на верзијата 2, откривајќи го дизајнот еден месец подоцна. Сепак, Sony никогаш не се обврза на конкретен датум за лансирање, но се претпоставуваше дека ќе излезе оваа година.
Ова можеби беше заблуда, бидејќи Рос Јанг (од Display Supply Chain Consultants) сега известува дека PlayStation VR2 ќе се појави следната година. Не е јасно што го предизвикало доцнењето, но дури и ако е одложен, следната 2023 година најверојатно беше првична цел на компанијата.
VR display shipments to rise >50% to >15M in 2022 despite delays to 2023 at Apple and Sony. Big jump forecasted in 2023.https://t.co/4m1FfgkeoM
— Ross Young (@DSCCRoss) April 11, 2022
PSVR2 е дизајниран да работи со PlayStation 5, комуницирајќи преку еден USB-C кабел. Овој кабел ќе пренесува 4K HDR слики на 90 Hz или 120 Hz. Хардверот на хедсетот е надграден со пошироко видно поле од 110° (од 100° FoV на оригиналот) и многу поостра слика благодарение на двата OLED дисплеи со резолуција од 2.000 x 2.040 пиксели (во споредба со еден панел од 1.920 x 1.080 пиксели). Двете IR камери за следење на окото обезбедуваат опција за foveated rendering.
Во секој случај, DSCC предвидува огромен скок на продажбата на VR уредите оваа година, и покрај одложувањата на PSVR2 и Apple паметните очила, за кои се повеќе се зборува. Целта на индустријата е да испорача над 15 милиони панели (тешко е да се каже за колку уреди се работи – некои користат еден панел, други два).